Екс шефот на државната и јавната безбедост, Горан Митевски: Со опремата од Израел почна масовно прислушување

0
1539

mitevski g

Во Македонија нелегално се прислушуваат илјадници граѓани, без судски налог, од 2008 година, кога Министерството за внатрешни работи набавува опрема од Израел која овозможува масовно прислушување, вели за Фокус екс шефот на државната и јавната безбедост, Горан Митевски.

– По избивањето на оваа афера, двајца од МВР се во притвор, а поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски, иако се најавува дека е првоосомничен за нелегално прислушување, гледаме дека се гони за нелегално поседување на пиштол. Налогот за прислушување го дава Никола Груевски, кој се фаќа на јадицата кога разговора со луѓе чии телефони се прислушуваат. Тоа траело пет години и може да се каже дека се опуштил во разговорите – изјави Митевски во Белград.

Според него, неспоредлива е оваа ситуација со онаа пред конфликтот во 2001 година,јавува известувачот на Фокус,од тркалезната маса во Белград организирана од таканаречената Амстердамска тројка и слободоумните патриоти членови на ВМРО ДПМНЕ.