Експресен закон за легализација и на луксузните брвнари на брегот на Охридското езеро во сопственост на функционери на власта

0
3279

Владеачкото мнозинство вчера експресно, на само неколку денови од најавеното враќање на опозицијата во парламентот изгласа дури 180 закони меѓу кои и можност на легализација на изградени објекти на бреговите на природните и вештачките езера, во таканаречените забранети зони за градба.

Со ова се отвара можноста и за легализација на комплекс луксузни брвнари на самиот брег на Охридското езеро за кои неодамна пишуваше порталот Доказ.

mizo2

Концесионер на земјиштето каде што се изградени луксузните брвнари е бизнисменот Музафер Рашид- Мизо но според порталот, брвнарите имаат вистински газди- доскорешен министер од владата на Никола Груевски од вмровска провиниенција, неговиот кум, бизнисмен близок на оваа власт, водечкиот тајкун на владата на Груевски но и сопственик на приватен универзитет и лидер на мала партија која е во коалиција со владеачката ВМРО ДПМНЕ.

mizo4

Сопственикот на концесјата Музафер Рашид пред десетина денови енергично ги демантираше пишувањата на Доказ.

„Ве информираме дека имотот за кој зборувате е под концесија, а концесијата за него ја имам јас – Музафер Рашид – Мизо. Тоа можете да го проверите во надлежните институции. Објектите кои се објавени на сликите на Вашиот портал во спорниот текст, се објекти во кои имам вложено како концесионер. Најостро демантирам дека Миле Јанакиески или другите лица споменати во спорниот текст имаат сопственост врз објектите. А уште помалку пак некој вршел притисок за да ги добие“, му напиша концесионерот Мизо на порталот.

Сепак и соседи кои имаат свои куќи во близиа на брвнарите тврдат дека сепак вистинските газди на брвнарите од кога ќе помине законот за легализирање можеби ќе се појават во имотните листови, ако не со нивното, тогаш со името на некој близок роднина.

„Па некои од нив и частеа тука за брвнарите, не криеја дека купиле и дека кај и да е ќе се донесе закон за легализација и тие ќе уживаат на самиот брег со приватни плажи, нешто што досега законот не го дозволуваше.

На денешната прес конференција опозициската СДСМ во реакција на законот појасни дека со вчера донесениот, според нив, криминален закон, објектите ќе бидат легализирани и ќе бидат запишани во имотните листови со право на сопственост. Немало да бидат вклопени во планската документација, и за нив нема да била формирана градежна парцела.

„Со тоа што ваквите објекти нема да влезат во урбанистичките планови, во реоните во коишто се наоѓаат нема да биде можно да се градат водоводи, канализации, улици, патишта. Ќе се закочи целиот развој на регионите околу езерата. Ќе стане јасно за чии интереси се носат овие спорни измени во овој закон“, обвини опозициската партија.

Според опозицијата, по стапувањето на сила на ова криминално решение, следно што може да се очекува се нови приватни плажи на брегот на Охридското езеро и тоа во моменти кога од албанска страна се рушат објектите на брегот на езерото, за и појасот на плажите да се стави под заштита на Унеско.

Инаку името на сега веќе екс министерот за транспорт, Миле Јанакиески, се врти и за купениот плац од 3 илјади квадрати во шумата кај Пехчево (пријавен во Антикорупциска како подарок за неговиот син)  каде што приватна фирма на раководител на министерството со кое до оставката раководеше, ќе гради мини хидроцентрала. Сопствениците на викенд населбата во Пехчево жестоко се противат на големата сеча на дрва за потребите на хидроцентралата.

И во заштитената зона парк шума Маврово пред извесно време објавувавме врз основа на тврдење на тамошни луѓе дека на име на дедото на Миле Јанакиевски, пред некоја годиа била изградена вила за одмор во која често присуствувал тој и неговото семејство. Јанакиевски демантираше дека е негова туку дека е на мајката и таткото на неговата сопруга и дека не е во заштитена зона. Не демантираше дека истата е изградена на узурпирано државно земјиште, најверојатно со вмровскиот закон за откупување за 1 евро, истото е откупено.

11854082_1001793603185840_1478072685_n

Соседите кои имаат објекти за одмор во близина, велат дека вилата во Маврово е во заштитената зона, а пред неа на патот била таблата со натпис парк шума Маврово. Оваа вила ја има најубавата позиција и најубавиот поглед на Волковијата, тврдат нашите соговорници во Маврово, и во неа често покрај дедото и бабата на Јанакиевски се и неговите деца и нивните две миленичиња-кучиња. И тој многу често со неговиот џип е тука и ние ја викаме вилата на Миле, вели соговорникот на Либертас.

Од вчера и да била во заштитена зона и оваа вила во Маврово, нема закон кој би можел да ја сруши. Препреката „заштитена зона“ со законот не спречува да биде таму каде што е изградена.