Експертскиот пасош на Мијалков треба да се чува во МНР

0
1558

Mijalkov-diplomatski-pasos-ekspert

Согласно регулативите, експертски пасош, како оној на екс-директорот за УБК Сашо Мијалков, за кој информираше Либертас, смее да се користи само при службено патување во странство, а потоа да се врати во МНР.

Министерот Никола Попоски пак законски има дискреционо право да одобри издавање на дипломатски пасош како што е тој на на екс директорот и функција експерт, информира Телма. 
Кога е во интерес на државата тогаш некому се издава дипломатски пасош како експерт.

Од МНР за Телма нема информации за значењето на дипломатскиот пасош на Мијалков.

Функцијата директор на УБК не е на листата директно посочени носители на  дипломатски пасоши иако може да се сведе во графата директори на самостојни органи на државната управа но само во случаи на службено патување во странство.
Всушност освен највисоките државни функционери, сите останати па и пратениците треба да ги користат дипломатските патни исправи само при службено патување. Злоупотреби имало, а често и лица кои ги нема на листата успевале да добијат дипломатски пасош.

Либертас дојде до фотокопија од дипломатски пасош кој му бил издаден на Мијалков на 29 септември од страна на Министерството за надворешни работи. Пасошот е со важност до 28 септември 2020 година, а интересно е дека како функција на носителот на пасошот е наведено – ЕКСПЕРТ!

Не е познато за каков експерт се работи.

Во продолжение, уште еднаш ги објавуваме членовите 9 и 10 од Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија од кој јасно се гледа кој може да поседува дипломатски пасош:

Член 9

Дипломатскиот и службениот пасош се исправи кои се издаваат на носител на јавна функција, државен службеник и работник во државните органи, заради патување во странство и обезбедување на нивна заштита при извршување на службените задачи, во согласност со меѓународното право. Дипломатскиот и службениот пасош може да се користи само ако има виза. Дипломатскиот и службениот пасош се сопственост на Република Македонија.

Член 10

Дипломатски пасош им се издава на избрани и именувани лица, раководни државни службеници и раководни работници во државни органи; на државни службеници во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство; на државни службеници на Министерството за надворешни работи кои извршуваат дипломатско- конзуларни работи и задачи и имаат дипломатски статус; на воени претставници на Република Македонија во странство кои имаат дипломатски статус; на лица кои со одлука на Владата на Република Македонија заминуваат на работа во меѓународни организации во својство на функционери со дипломатски ранг во тие организации, како и на дипломатски курири. Дипломатски пасош може да им се издаде и на членовите на потесното семејство на лицата од ставот 1 на овој член, кога истите живеат со нив во заедничко домаќинство во странство во времето на дипломатската мисија.

Според објавените информации пасошот има важност од 5 години.