ЕКСКЛУЗИВНО : Sинго ја гаси Сител 3 телевизија, нема веќе МУФТЕ од буџетот на Македонија за Јанко Бурек, секнаа тендерите, тешко е во беспарица!

0
1796

На вработените во Сител 3 им било кажано дека ќе бидат распределени, дел во Сител а дел ќе останат без работа затоа што од Нова година телевизијата се гаси, објави Мактел.

Телевизијата беше со кабловска лиценца и беше одговор на потегот на Велија кој пред 10 години отвори нов канал А2 за политички дебати. Потегот го следеа и Канал 5 и Сител, и ги отворија Канал 5 плус и Сител 3.

Оваа телевизија беше најпозната по контактната емисија „Јади бурек“ на Јанко Илкоски која ненадејно прекина по промената на власта.

Во меѓувреме „секнаа“ и владините реклами од кои Сител доби милиони евра.

Социјалистичката партија на сопственикот на Сител, Ѕинго, доживеа пораз и на локалните избори и го изгуби градоначалничкото место во Кратово.