ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: МЕГА СКАНДАЛ – Политички пораки на ВМРО-ДПМНЕ испишани во училница во гимназијата во Св.Николе, малолетни ученици повикани на состанок во партиски штаб!

0
1272

Продолжуваат скандалите во македонското образование. Бруталната партизација на инситутциите длабоко е навлезена и во училиштата.

Мактел дојде до фотографии кои зборуваат за политичка злоупотреба на образовни институции и малолетни лица од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе.

На една една од фотографиите, направена во светиниколската гимназија „Кочо Рацин“, на таблата од училница се гледа политичка порака „УМС победува“.

„Во пресрет на изборите се засилува партисокот врз средношколците од страна на професори активисти на ВМРО-ДПМНЕ, посебно врз оние иченици кои во наредните месеци ќе станат полнолетни и ќе се стекнат со гласачко право. Се врши агитација да се зачленуваме во ВМРО-ДПМНЕ“, вели револтиран ученик од гиманзијата за „Мактел“, кој сака да остане анонимен поради стравот од освета со намалување на оценките.

Ученикот не информира дека често група на средношклоци биле повикувани во штабот на партијата, каде им било ветувано дека доколку се зачленат во ВМРО-ДПМНЕ по наполнувањето на 18 години ќе можат полесно да дојдат до вработување.

Во прилог на ова зборува и следната фотографија, на која може да се видат малолетни средношколци, членови на Средношколската унија, повикани на средба во штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, кој е сместен во простории од куќа на професор(активист на ДПМНЕ) од средното училиште. На фотографијата од состанокот може да се заблежи и папка на која јасно се гледа името на средното училиште – СОУ „Кочо Рацин“.

гим 2