ЕКСКЛУЗИВНО: СЛЕДУВА ТОТАЛЕН РАСПАД НА ДУИ – Тројца пратеници на Али Ахмети ќе преминат во БЕСА!

0
17388

Политичката провалија во која падна ДУИ по изборите се продлабочува. По првичниот дебакл на изборите на кои ДУИ падна од 153 илјади гласови, од претходните избори, на само 80 илјади гласа и 10 мандати, од кои два се спорни, на Али Ахмети му претстои дополнителне потрес.

Како што информира порталот Мактел од извори во ДУИ дознава дека тројца пратеници на Ахмети, по верифукувањето на мандатите на пратениците во Собранието, ќе преминат во БЕСА. Со тоа ДУИ ќе има минус три мандати, однос ќе падне од 10 на 7, или доколку се усвојат приговорите на БЕСА и СДСМ, ќе падне на само 5 мандати. Независно од тоа дали ќе се уважат приговорите и дали ќе има прегласување, БЕСА ќе биде најоглема парламентарна сила во албанскиот политички блог со 8 пратеници.

Со овој трансфер на тројца пратеници ДУИ како политичка партија ќе биде целосно разбиена, практично нема да биде извесно и дали ќе ги преживее наредните локални и парламентарни избори, ни вели нашиот извор.