ЕКСКЛУЗИВНО: ПУКНА БОМБАТА И ВО КАБИНЕТОТ НА ГРУЈО – СТАВРЕВСКИ ДЕНЕСКА СИ ПОДНЕЛ ОСТАВКА!

0
1108

Од неофицијални извори дознаваме дека Зоран Ставревски под притисок на јавноста и фамата која се крена околу снимките од бомбата на Заев, денеска си поднел оставка. Груевски не му ја прифатил, но Ставревски инсистирал на оставката.

zoran-stavrevski-so-mmf-banskoliev-42

Ставревски има куќа во САД и најверојатно ќе ја здува за Америка со првиот авион додека нас ќе ни ги остави 5-те милијарди евра долг ние да ги враќаме и нашите деца и внуци.

Има допрва да го јадеме стапот за несериозноста на овие дилетанти!

Можно е сепак Груевски да се реши да ја жртвува цела влада за да се спаси себеси. Останува да видиме дали ќе успее да се спаси.

Ние веќе пишувавме дека единствено решение за него е да го жртвува братучедот Сашо Мијалков и да го обвини за пречекоорување и злоупотреба на службена должност прислушкување. Но шт ќе прави со сите други обвиненија на адреса ан цела влада откако ќе пукнат сите 25 бомби кои ги има спремено Заев?

Во моментов буквално цела влада на Грујо е во пламен. Нема министерство кое не се клати и не е под силен напад на јавноста, особено на удар се правда, здравство, МВР и финансии, но со експлодирањето на другите бомби нема да има институција која нема да одлета во воздух.

Ова е повеќе од забавно за сите оние кои 9 години се бунтуваа и вревеа дека Груевски лаже и краде но грото од јавноста беше под масовна длабока хипноза.

Во меѓувреме има шпекулации и дека Гордана Јанкуловска ја напуштила Македонија и заминала за САД. Ова е или обид да се избега од новинарски прашања или трајно бегство.

Останува да видиме што од овие шпекулации е точно.