ЕКСКЛУЗИВНО : ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕ АПСЕА СИНОЌА УБИЈЦИТЕ ОД МАЛА РЕЧИЦА

0
2338

Ова е местото каде вечерва се уапсени двајца од ликвидаторите од Мала речица, на пат кон Скопје.

Вечерва во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени. Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување, извести Јавно обвинителство на Република Македонија.

„Во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде Наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и Наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици.

Дејствијата на Основното јавно обвинителство Тетово продолжуваат во континуитет се до целосно расветлување на настанот”, стои во соопштението на Обвинителството.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Неофицијално, се работи за пресметка меѓу припадници на ДУИ од Скопје и од Куманово која се случила по средба во седиштето на партијата во Мала Речица.

На погрешно место, во погрешно време. Ова е коментарот на висок функционер на ДУИ за Плусинфо, за вечерашната престрелка помеѓу двајца членови на партијата, која се случи во Мала Речица, при што едно лице загина, а другото е повредено.

Функционерот ни потврди дека убиениот е Наип Реџепи и дека престрелката била помеѓу две спротивни крила на ДУИ во Куманово. Тој брифира дека станува збор за ривалски групи во кумановската филијала на партијата и дека престрелката била и поради политички, но и семејни недоразбирања меѓу сега убиениот и повредениот член.

Функционерот потврди и дека лицата биле до седиштето на ДУИ во Мала Речица, но негира дека биле во објектот. Тој за Плусинфо вели дека најверојатно биле дојдени како придружба на пртиски функционери, бидејќи попладнево во седиштето имало состаноци со функционери на ДУИ, меѓу кои и од Куманово.

Тешко повреден и во животна опасност од денешниот инцидент во Мала Речица е Флорим Мисини од Куманово, пишува весникот на албански јазик Коха.

Флорим е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Тешко повреден е и близок роднина на убиениот во инцидентот Наип Реџепи.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: