ЕКСКЛУЗИВНО: ПАНИКАТА И СТРАВОТ ДЕЛУВААТ – РЕЖИМСКАТА МАФИЈА ПОЧНА ДА СЕ ПРЕСМЕТУВА МЕЃУ СЕБЕ ПО КАФАНИ НИЗ СКОПЈЕ: Бодигард на Мијалков претепан во Скопско кафуле, завршил со скршен череп!!!

0
2391

Порталот Мактел објави допис од читател кој открива дека ноќта во саботата спрема недела во еден познат кафе бар во Скопје, се случил инцидент во кој еден од телохранителите на Сашо Мијалков бил удрен во глава со остар предмет. По ударот, телохранителот на Мијалков поради тешките повреди на главата итно е префрлен во „Систина“ каде е извршена и хируршка интервенција.

14525golema

Читателот вели дека, поранешен цариник, влегол во кафе барот во кој седеле припадници на обебзедувањето на Мијалков, и им порачал да го поздрават Сашо Мијалков бидејќи му должел пари. Во тој момент, еден до телохранителите на Мијалков извадил пиштол и заедно со останатите свои колеги почнал да му се закануваат на поранешниот цариник, по што овој извадил остар предмет и успеал да удри по глава еден од телохранителите на екс-директорот на УБК, пишува порталот.

Утринава и во билтенот на МВР инцидентот е регистриран:

На 17.04.2016 година во 04.00 часот во Скопје, во кафе бар лоциран пред ТЦ Буњаковец, настанала расправија и физичка пресметка помеѓу Г.К. (41), Г.К. (39) и Д.Т. (37), сите од Скопје, од една страна и неколку други непознати лица, од друга страна. Притоа, Г.К. (41) бил прободен со остар предмет во пределот на главата и се здобил со тешка телесна повреда-убодна рана со пробивање на черепот, констатирана во болницата „Систина“ каде што е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.