ЕКСКЛУЗИВНО: Мицковски донел одлука – ЌЕ СЕ ТРКААТ СО ПРОФЕСОРКАТА СИЉАНОВСКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ, АНКЕТИТЕ ПОКАЖУВАЛЕ ДЕКА ТАА ИМА НАЈГОЛЕМИ ШАНСИ!

0
1452

Од извори во ВМРО ДПМНЕ, Мактел дознава дека Мицковски веќе донел одлука да се трка со професорката Гордана Сиљановска на претседателските избори.

Причината зошто тоа сеуште се држи во тајност е затоа што таа на анкетите имала израмнети шанси со достижна предност на Шеќеринска, Спасовски и Димитров, но со Пендаровски губела со околу 100 000 гласови, па Мицковски овие денови се молел на бога за СДСМ да реши да се трка со кандидат кој не е Стево Пендаровски, и затоа ја чувал одлуката во тајност со надеж дека СДСМ ќе одигра погрешен потег.

Инаку планот било на Влатче Ѓорчев да му се даде утешна награда т.е ветување дека ќе биде иден министер за надворешни работи и иден претседател по мандатот на Сиљановска или Пендаровски. Едноставно, анкетите покажувале дека во овие избори Влатче нема што да бара, губел со 100 000 разлика против Радмила, Спасовски и Димитров, додека од Пендаровски губел со 200 000 гласови.

Тајната на тоа зошто Сиљановска имала шанси да победи на изборите е што важела за левичарка, за учесник во протестите на студентите против режимот, потоа како жена ќе привлекла и многу жени, ќе привлекла и многу неопределни кои се плашеле од промената на името и двојазичноста, важела за интелектуалец, неизвалкана од политика и афери и скандали итн итн…

Повеќе ќе прочитате на овој линк ОВДЕ