ЕКСКЛУЗИВНО – МЕГА СКАНДАЛ – МОМАК ЗА СЕ: Кандидатот за ректор на УКИМ, професор Атанас Кочов во исто време од владата е назначен за шеф на комисијата за формирање на новиот универзитет Мајка Тереза?!

0
4173

Мактел доби многу интересно писмо:

Политувани,

Земајќи ги во предвид Вашите заложби за разоткривање на глупостите на оваа власт, би сакала да Ве информирам за уште една валкана игра која во моментов е актуелна и се реализира под закрила на ВМРО ДПМНЕ.

Имено, кандидатот за Ректор на УКИМ д-р Атанас Кочов кој според куририте на власта важи за еден од фаворитите во трката за избор на нов Ректор и зад кој во сенка стои партијата ВМРО ДПМНЕ, истовремено е назначен за цлен во матичната комисија за вршење подготовки за почеток со работа на факултетот за технички работи во состав на Факултетот МАЈКА ТЕРЕЗА во Скопје.

Дали апетитите на ова лице се толку големи што без срам е спремен да ги извршува и двете функции кои се дијаметрално спротивставени?

За чии права ќе се бори ректорот Атанас Коцов?

За интересот на УКИМ или…. можеби на унверзитетот МАЈКА ТЕРЕЗА?

Сигурна сум дека оваа информација која кандидатот Атанас Кочов и ВМРО ДПМНЕ тивко и умешно ја кријат од јавноста, доколку допре до сите кои треба да гласаат за избор на нов Ректор, ќе придонесе за разоткривање на двојното лице на д-р Атанас Кочов а со тоа и сериозно ке ги загрози плановите на Груевски.

Во прилог ви доставувам копија од Службен Весник на РМ број 98 од 19.05.2016, страна 5 од која се гледа дека Владата на РМ на седницата одржана на 18.05.2016 година донесе одлука со која д-р Атанас Коцов е именуван за член на комисија која треба да врси подготовки за работа на Факултетот за технички науки кој ке работи во состав на УНИВЕРЗИТЕТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА.

Истовремено истото лице е фаворит во трката за РЕКТОР на УНИВЗРЗИТЕТОТ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ.

Очекувам да ги проверите информациите кои Ви ги доставувам и се надевам дека истите веднаш ќе ги објавите на Вашиот медиум затоа што до изборот остануваат уште два дена.

Со тоа ќе придонесете изборот за нов РЕКТОР на УКИМ да биде независен и транспарентен а трката подеднакво фер за сите останати кандидати позади кои не стои машинеријата на ВМРО ДПМНЕ.

Очигледни се заложбите на Груевски на оваа восока функција да постави лице преку кое ќе може да манипулира и со тоа во целост да ја контролира автономноста на УКИМ.

Благодарам!

kocov majka tereza 1 kocov majka tereza 2

Извор : Мактел