ЕКСКЛУЗИВНО: Латас наводно западнал во тешка депресија периодов по падот на режимот на Грујо и серијата судски процеси против него?!

0
5003

Опозицискиот активист, Аднан Џафероски раскажа како го затекол Латас маскиран со капче и црна цвикера во редица пред шалтер во аптека, купил лекови во вредност од 500 денари, лековите наводно биле анти депресиви и анти психотици.

Ова Аднан го раскажа на фб профилот а потоа го избриша веројатно по нечија сугестија. Ние ја проверивме сторијата и ни потврдија луѓе очевидци дека тоа било точно, дека не се работи за некаква шега или измислица. Сепак немаме од тоа видео запис или други докази.

Ова се поклопува со тоа што Латас не се појавува во јавност подолго време и е цел на редица обвиненија од СЈО, и тој и неговата бизнис, професионална и љубовна партнерка, Ивонче Милионче.

За разлика од него кој е изгледа во тешка криза, Ивона се појавила пред некој ден на прославата на 4-ти јули во Америчка амбасада и пробала да изгледа насмеано и опуштено, но само таа си знае како и е во овие моменти кога чека да биде осудена, а тек има новиот обвинител да вади нови судски обвиненија за сите криминали изминатите 10 години, еден од нив сигурно ќе биде и случајот Визарис, за кој таа ја тужи државата и бара 1 милион евра откако Тодоров го раскина договорот по објавената снимка на опозицијата на која се слуша како таа го договорила тендерот со Камчев и Тодоров.

Дека нешто не е во ред со психата на Латас се виде и во неговото интервју со тв водителката Бојана Скендеровска каде тој вадеше интимни детали од својот живот и во во кое интервју призна дека бракот му се распаѓа, дека тој отсекогаш работел за пари а не го мислел тоа што го збори итн итн…

А причини за нервоза стрес и депресија има многу, ем ќе остане без многу приходи од своите фирми кои лапале тендери, и веројатно ќе биде осуден со што ќе остане без работа, ќе мора да плаќа казни и адвокати, жена му и ќерка му ќе останат без добро платените позиции во разни управни одбори за кои слушавме во бомбите, а и Сител и Вечер не се во најснајна позиција по прекинот на владините реклами од пред 2 години…

Ех Лаки Лаки, дошло е време ќорке, сад че у затвор да се иде како што раније се ишло у кафане!