ЕКСКЛУЗИВНО: ЗОРАН ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ ЗАЛОЖИЛ ДА ЈА ПОПРАВИ СОСТОЈБАТА ВО ПАРТИСКАТА СТРУКТУРА ВО НОВО СЕЛО, СТРУМИЧКО, ПО СКАНДАЛОТ СО АПСЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

0
1941

Откога веќе стана јасно дека градоначалникот на Општина Ново Село ќе остане во притвор до правосилноста на пресудата и де јуре и де факто веќе нема да е градоначалник, иако е презафатен од државнички обврски Премиерот Зоран Заев и овде е на очекуваното високо ниво.

Одговорно Премиерот Зоран Заев ниту за миг не ја остава и партијата за која има одговорност пред граѓаните. Со новите кадри прави спој помеѓу младоста и искуството. На голема врата во ОО СДСМ Ново Село ги враќа поранешните градоначалници од СДСМ на таа општина, ренгенологот во Струмичката Општа болница во Струмица Петар Спасов кој беше градоначалник во Општина Ново Село во периодот од 2009 до 2013 година.

Петар Спасов на тогашните Локални избори победи во Општина Ново Село кога СДСМ победи само во четири општини меѓу кои и во оваа општина. Иако во целиот период додека беше градоначалник па се до скоро време на власт беше ВМРО ДПМНЕ за Спасов е познато дека нема никаква дамка за неговото работење.

Извори од Општината потврдуваат дека сосема чесно ја извршувал функцијата. Спасов е и голем авторитет помеѓу сите граѓани во општина Ново Село бидејќи на сите без разлика на политичката припадност им се наоѓал во Струмичката болница до ден-денес.

Исто таков голем авторитет, докажан со чесно работење е и познатиот македонски бизнисмен и поранешен градоначалник на Општината Никола Андонов сопственик на познатата фирма ,,Колид.” Растеретени за функции, впрочем Андонов вработува и над сто граѓани од Општината и државата Заев ги повикува Спасов и Андонов да се вклучат во чесното предлагање на Градоначалник за Општината, но и за формирање на сите партиски општински органи.

Овде замолен да помогне е и поранешниот претседател на Општинската Организација на СДСМ и советник во Општината – одделенскиот наставник Пављо Крстев. Крстев беше претседател на ОО СДСМ кога Петар Спасов победи на локалните избори во 2009 година, и каде беше помеѓу малкумината претседатели кои победија во своите општини.

Извори на нашата Редакција не информираат дека во пакет со овие тројца политички ветерани во Општината доаѓа најмладиот но политички најискусен во СДСМ – вториот човек на Државното Водостопанство Митко Костадинов. По доаѓањето на СДСМ на власт на последните Парламентарни избори Костадинов иако е на работа во Скопје, нашите извори не информираат дека тој постојано е на релација Скопје – Ново Село.

Во претежно печалбарската општина во која тие што се останати да живеат во општината скоро сите се занимаваат со земјоделие. Најголем повеќедецениски проблем на ова население се поплавувањето на нивите и нечистите водни канали и речното корито на реката Струмица која поминува во тој дел од државата.

Поради својата функција Костадинов речиси целосно го има решено тој проблем за подолг временски период. Како повеќегодишен член на партиската Комисија за образование откога е во притвор Градоначалникот Стојчев Костадинов со своите партиски повеќегодишни познаници издејствувал вработените во Образованието но и другите општински служби да земат плата.

Пред да дојде на оваа функција Костадинов беше Претседател на Управниот одбор на ЈП во Државна сопственост ,,Водостопанство на РМ” и честопати го заменуваше првиот човек на оваа институција. Овде е важно и да се спомене дека Костадинов е во партијата од своите средношколски и студентски денови, и дека сега ,,неговата генерација” е на власт и дека постојано им помага на сите граѓани од општината за различни потреби кои ги имаат во државата, од болници до министерства и слично.

Останува да го следиме развојот на настаните во Општина Ново Село, но во секој случај потегот на Зоран Заев е за поздравување и длабока почит.