ЕКСКЛУЗИВНО: ЕВЕ ГО ГОЛЕМИОТ ПЛАН НА ЗАЕВ КАКО ДА УСПЕЕ РЕФЕРЕНДУМОТ!

0
4348

Исто како што беше маестрален шаховски меч борбата со режимот на Грујо, слично на тоа ќе биде и реализацијата на договорот со Грција и внесувањето на земјата во НАТО и ЕУ!

Но како велат, тоа што не те убило, те прави ем посилен ем побогат со едно големо искуство, па така Заев веќе е искален и доволно итар да знае да ја изведе и оваа операција, и засега одлично му оди.

Кои се трите најголеми пречки кои тој ќе треба магично да ги прескокне за да стигне до целта?!

1. Ветото на Хорхе за ратификацијата на договорот.

2. Цензус за референдумот.

3. Двотретинско мнозинство за менување на уставот.

Првиот проблем е најлесен за прескокнување. Со гласање на ратификацијата во собрание, спогодбата не мора да биде веднаш потпишана од Иванов, затоа што ратификацијата во Грција ќе се чека дури откако ние ќе завршиме со измената на уставот, а рокот за тоа е крајот на 2018-та, што значи Заев и Димитров кога преговарале со Коѕијас и Ципрас го имале во предвид можниот блок од Иванов и затоа така ја направиле спогодбата, ветото да биде лесно прескокнато, затоа што кога ќе дојде време да се реализира спогодбата, главните промени веќе ќе бидат реализирани, па не мора да стапи законски на сила, може да се почека да дојде новиот претседател во 2019-та, главното дотогаш ќе биде завршено, како уставни промени, ревизија на учебници, помена на името во документи, промена на името во ООН и други организации и промена на името во билатералните односи со сите кои не признале…

Вториот проблем е многу потежок. Но Заев и за тоа има решение. Имено, ако Мицковски се реши да го бојкотира референдумот, Заев ќе закаже во ист ден предвремени избори, па Мицковски ќе ризикува да остане без пратеници. Ако пак реши да оди на тие избори а да им каже на луѓето да не гласаат на референдумот, ќе настане општа збрка и паника, народот ќе се испаничи и ќе реши сепак да гласа против и со тоа пак ќе го помогне цензусот од 900 000.

Во исто време, Заев затоа направи коалиција со Амди Бајрам и со сите турски партии и со сите Албански партии, и сите Влашки партии, останаа само дел од Србите надовор од владата, тој ќе се обиде да ги изнесе на референдумот сите Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Египјани (и тие се во владата) кои бројат околу 40% од населението во земјава или околу 800 000 народ!

Со пола од Македонците да излезат на референдумот, тоа се 500 000 и уште толку од заедниците кои ќе излезат во 90% и ќе гласаат за, сепак можно е да се обезбедии 1 милион гласови на референдумот. Од нив, сигурно околу 60% ќе гласаат за влез во ЕУ и НАТО!

Третиот проблем ќе биде најинтересен, затоа што референдумот ќе биде обврзувачки за пратениците, тие ќе мора да го слушаат гласот на народот и да изгласаат уставни измени. Но големи се шансите пратениците на ВМРО ДПМНЕ да не гласаат за уставните измени, затоа решението е или Заев да проба да убеди дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ и да ги собере сите останати пратеници и некако да стаса до 81 глас, или пак да оди со предвремени избори во ист ден со референдумот и со зголемен број пратеници на СДСМ од 50 на 60, полесно да дојде до потребната бројка за уставни измени.

Во секој случај, не чека бурна историска година, после која животот во земјава ќе биде многу досаден од политички аспект, ама ќе имаме повеќе пари за шетање и шопинг!