Одржувањето на утрешната седница на ДИК станува неизвесна. По денешната мобилизација на ордите од буџетски лебарки на ДПМНЕ од ДИК побарале од МВР да им се гарантира безбедноста со силни полициски сили, односно освен припадници на ЕБРД како гаранција на безбедноста барале да биде донесена и елитната специјална единица „Тигар“, придружена со оклопни возила.
Според нашиот извор, мнозинството од членови на ДИК јасно дале до знаење дека нема да има прогласување на конечните изборни резултати се додека не им биде гарантирана безбедноста од страна на зајакнати специјални единици.
Ова барања уследуваат по најавите дека ДПМНЕ веќе има на „готовс“ свои орди од потрчковци и слуги да дојдат во Скопје и да протестираат пред ДИК, односно дури и да ја запалат зградата на комисијата доколку се уважат приговорите на СДСМ и БЕСА.
Извор : Мактел.Мк