ЕКСКЛУЗИВНО: ДЕНОВИВЕ ВЛАДЕЕЛА ОПШТА ПАНИКА ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ВИЛА НА ВОДНО!

0
1985

Паника во дворот на Фикусот!

На десетина дена од распишување на редовните претседателски избори во Агенцијата за разузнавање владее вистинска паника особено помеѓу најревносните приврзеници на соборената Хунта на Груевски.

Соочени со реалната опасност да ги изгубат своите незаслужено (а добар дел и незаконски!) стекнати позиции и привелегии по изборот на новиот шеф на државата, во изминатите неколку денови панично се бара решение за “најзаслужните патриоти” да ги избегнат последиците кои неминовно следуваат.

Така, веќе е изготвен список од 6 припадници на Агенцијата кои ургентно ќе бидат испратени како офицери за врска на АР во амбасадите на Република Македонија, а еден од нив (во Софија) и натаму е оставен да ја врши функцијата иако мандатот веќе му завршил што е спротивно на Закон.

“Случајно” на новата листа на АР меѓу шестмината е и внукот од брат на Фикусот, а од листата е избришана Амбасадата на РМ во Грција и наместо неа како “приоритетна” е ставена Амбасадата во Сараево!

И со Фикусот се претера…

Фејсбук статус на Александар Диневски