ЕКСКЛУЗИВНО: Во моментов сумата која му се нуди на ДУИ да прави влада со ВМРО ДПМНЕ достигнала фантастични 200 милиони евра!!!

0
11493

Дознаваме од инсајдерски информации дека додека Али Ахмети шета на релација Тетово – Скопје – Тирана и договара некаква големо-албанско-ЕУ-НАТО кауза, Муса Џафери бил на константно заседание со Сашо Мијалков а Грујо се вклучувал телефонски и оваа средба траела веќе една недела во фоајето на еден скопски Хотел.

Дознаваме дека првин се тргнало со скромна сума од 50 милиони евра, дел во кеш, дел гарантирани провизии од идни тендери, дел акции во фирми, дел во земја, плацеви, маркици, згради итн итн… и сето ова му се нудело на ДУИ како подарок ако прифати да прави влада со ВМРО ДПМНЕ што ќе значело спас за мафијата!

Особено се настојувало ДУИ да се откаже од барањето за специјален суд и продолжување на мандатот на СЈО!

Но оваа сума била премала за Ахмети и ДУИ, па дознаваме дека во моментов се разговара за фантастични 200 милиони евра!!!

Ништо чудно оваа сума наредните денови да стаса и до поголеми износи, ДУИ ги начека своите 5 минути, или ќе наплати добро во кеш, или ќе набилда голем политички капитал, но двете не одат заедно и Ахмети и Муса биле свесни за тоа затоа и барале толкава сума!

Ахмети бил свесен дека со одлуката да коалицира со Грујо ќе значело неофицијално негово пензионирање од политиката, како и гасење на ДУИ, па во пакетот се нудело и сума за целиот прв ешалон на ВМРО ДПМНЕ, едно 20 моќни екс команданти на УЧК.

Во приказната биле вклучени и пратениците на ДУИ во парламентот.

Дознаваме дека Мијалков и Грујо имале средба со најголемите 20 бизнис олигарси во земјава и побарале од нив сите подеднакво да учествуваат во пакетот кој се спремал за ДУИ. На сите им било ставено до знаење дека ако успат да се спасат и да направат влада ќе биде добро за сите, но обратно, ако ова не успее, за сите ситуацијата ќе била многу лоша, сите ги чекала затворска казна, конфискација на имот, затворање фирми итн итн…

Сите олигарси понудиле по пет до десет милиона евра во пакетот, доека самите Груевци издвоиле 50 милиона евра од својот сеф!

На ДУИ му се нуделе да ја водат македонска царина која се смета за најголем извор за крадење, УЈП и ЕЛЕМ. Исто така Грујо му ветувал на Муса дека ќе се приватизира ЕЛЕМ при што продажбата а со тоа и провизијата на овој гигант ќе му биде дадена на ДУИ, а се очекува продажба од 500 милиона евра и провизија од 50 милиони евра!!!

Целата скопска чаршија зборува за ова, сепак немавме можност да ја провериме оваа приказна затоа што никој нема да ни признае дека ова се случува во моментот.