ЕКСКЛУЗИВНО : ВМРО-ДПМНЕ спрема параполиција за време изборите на 11-ти декември преку злоупотреба на АРМ, министерот за одбрана Јолевски повикан на рапорт кај Хојт Ји!

0
3073

Од извори блиски до АРМ дознаваме дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски преку партиска параполиција треба да го чисти теренот за изборите кој треба да биде во корист на власта.

Не е точно прецизирано што точно е планот на оваа против уставна паравоена структура која треба да биде под палката на АРМ и Јолевски, и исто така не се знае како таа треба да дејствува на денот и пред неколку дена на изборите но едно е со сигурност точно.

Интересен е фактот што министерот за одбрана Зоран Јолевски за време на неговата работна посета во САД неочекувано е повикан на разговор во кабинетот на американскиот заменик и помошник државен секретар Хојт Ји каде дознаваме и дека таму не е разговарано само за актуелната политичка ситуација во државата туку и се отвориле жешките костени поради овие сценарија за кои америчката администрација е одлично запозната а сега алармира и предупредува.

Од она што го дознаваме околу средбата на Зоран Јолевски и Хојт Ји е тоа дека американецот бил дециден во своите ставови дека овие избори треба да поминат во фер и демократска атмосфера бидејќи на Македонија како држава во развој членството во ЕУ и НАТО и е неопходно.