ЕКСКЛУЗИВНО – БОМБА ЗА РЕЖИМОТ директно од Лондон: Апелираме до Иванов да ја смени одлуката, доведено е во прашање владеењето на правото и кредибилноста на изборите!

0
1295

По последниот развој на настаните во Република Македонија и продлабочуавњето на политичката криза по одлуката на Иванов за помислување се огласија и од директно од Лондон.

По извештаите дека претседателот Ѓорге Иванов помилувал поединци кои во моментов е под истрага за злоупотреба, со официјална изјава објавена на официјалниот веб сајт на Владата на Велика Британија се огласи и британскиот државен министер за Европа Дејвид Лидингтон.

„Одлуката на претседателот од 12 април, да им прости на оние лица за кои во моментов се води истрага во врска со наводите за злоупотреба, е прашање на голема загриженост. Оваа одлука ги штити оние функционери и поранешни министри обвинети за корупција и негира правдата за граѓаните на Македонија. Обвинувањата поврзани со прислушувањето минатата година покренаа сериозни прашања во врска со владеењето на правото и кредибилитетот на изборите. Овие обвинувања мора да бидат во потполност истражени во согласност со правниот процес, за да може Македонија да пронајде одржливо решение за тековната политичка криза. Апелирам до претседателот на Република Македонија да пронајде начин да ја промени одлуката“.

Според него Македонија треба да има избори на 5 јуни, но изразува загриженост во врска со подготвеноста за предвремени избори со „недостатокот на јасност во Избирачкиот список, немањето на прогрес во медиумските реформи и извештаите за закани“.

Во изјавата се наведува дека Лидингтон разговарал и со Никола Груевски на 13 април за расчистување на сите нејаснотии.

лондон изјава

Превод и извор : Мактел