ЕКСКЛУЗИВНО: АЗДИСАНОСТ ДО БЕСВЕСТ – Локалните моќници на ВМРО ДПМНЕ до толку забегале што во сите градови ширум земјава масовно се бркале наставници од школите само затоа што им ставале четворки наместо петки на размазените деца на локалните моќници!!!

0
3705

Еве што се случува кога ќе оставиш режим 10 години да улавее во една заробена држава, без медиуми, без демократија, без слобода и страв на моќниците од народот!

Мактел дознава дека во земјава се случува еден неверојатен феномен – постои страв и трепет меѓу илјадниците професори во основните и средни школи ширум земјава дека ако не им стават петки на децата на локалните моќници веднаш добиваат отказ од работа или прераспределување во селски училишта како казна за непослушноста!

28-18

Овие случаи ги регистриравме во повеќе градови во земјава овие денови во неврзан расговор со вработени во образовниот систем.

Со тоа што директорите на школите се под јурисдикција на градоначалниците, а со оглед на тоа што 99 посто општините се под власта на ВМРО ДПМНЕ, ова довело до невидена забеганост на децата на локалните моќници на ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери, па не само што биле главни фраери со полни џебови, бесни коли, дрога и алкохол, туку и професорите не смееле да им преречат ништо а исто било и со полицијата во сите градови во земјава!grujo-spiro

Се чини дека Диме Спасов е само врв на сантата лед. На Мактел известивме и за забеганоста на синот на градоначалникот на Гевгелија, Франгов кој пијан влетал во дворот на една фамилија во Гевгелија но полицијата му прогледала низ прсти и немало записник.

Се чини дека промените се случуваат во прав момент, наредните 10 години моќниците на ДПМНЕ ќе треба да се трезнат од опиеноста од власта моќта и парите!!!

Извор : Мактел