ЕКСКЛУЗИВА НА ПОРТАЛОТ МАКТЕЛ – ДАЛИ ОД КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ УНИШТИЛЕ ДОКУМЕНТИ ПРЕД ОДЕЊЕТО ОД РЕЗИДЕНЦИЈАТА: Пендаровски бил шокиран што затекол во вилата Водно, архивата била празна, нарачал ревизија од управен инспекторат!

0
1946

Од извори во кабинетот на Пендаровски порталот Мактел.Мк дознава дека нешто многу чудно се случувало деновите пред примопредавањето на резиденцијата.

Пендаровски затекол практично празна архива. Со тоа нема никаква евиденција што правел Иванов 10 години, какви состанови држел, кој му идел на гости, со кого се сретнувал, што уствари работел човекот 10 години?!?!

Дали зад ова се крие неработење, непрофесионално водење книги и архива или пак кабинетот на Иванов пред одење решил да уништи документи со палење или режење на режач?!?!

За да го открие ова Пендаровски покрај финансиска ревизија нарачал и ревизија од управен инспекторат кој ќе спроведе истрага за тоа што се случувало со документите од резиденцијата, дали постоеле воопшто па се уништени или воопшто не се водела евиденција за работата на претседателот и неговиот огромен кабинет.

Можеби тоа било начин на работа за да не се остават траги за сите криминали?! Се зборува во јавноста и практично јавна тајна е дека сите кризни ситуации изминатите 10 години се правеле во координација на Влада, седиште на ВМРО ДПМНЕ, ДБК и кабинетот на Иванов.

Особено најголема вина на Иванов му се припишува околу настаните на 27-ми април каде се зборува дека освен што била водена операцијата од Водно туку и тамо била планирана воена состојба!

Инаку дека има нешто сомнително, од луѓето на Пендаровски се посомневале откако во разговор со вработените во резиденцијата заклучиле дека во вилата имала огромна фреквенција на луѓе и настани но ви книгите немало ништо за таа активност, практично како да се работи за некоја институција која речиси нема никакви дејствија и настани, што не одговарало на реалната ситуација на терен според потрошените количини на храна и пијалоци според кои излегува дека секој ден Иванови имале над 50 гости, но никаде немало евиденција за нив кои се и какви се и зашто се во вилата.