ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА НА ЈАНКО БАЧЕВ : КОГА ЌЕ ДОЈДЕМЕ НА ВЛАСТ ПО ЕДНО 200 ГОДИНИ ЌЕ ГИ АПСИМЕ ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ И КОЧО АНЃУШЕВ И ЌЕ ИМ ГИ КОНФИСКУВАМЕ ИМОТИТЕ

1
1784

Поминаа три дена а пучистичката власт во Скопје молчи за повикот на Единствена Македонија Заев да ги каже сите политичари со име и презиме кои земале пари од Русија, Сорос, ЦИА, албанското подземје во регионот.

Зоран Заев молчи и тоа од оправдани причини: немало руски пари, ама имало економска диверзија врз македонскиот буџет, која Заев сака да ја прикрие со бомбастичната лага за наводни руски пари во Македонија.

Вистински грабеж од Кочо Анѓушев, Хари Локвенец…чии приватни фирми си земале народни пари од буџетот како во самопослуга, па Филипче од министерството за здравство дава тендер од фантастични 35 милиони евра на фантомска фирма.

Јавноста бара одговор од Заев за најното злосторство врз македонскиот буџет. Маските паднаа. Пучистичката власт е во длабок криминал и сите лаги за наводи руски пари се само обид за дефокусирање на јавноста и од најновиот грабеж на буџетот што се одвива во моментот.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде конфискација на стекнатото богатство од позиција на власт, се разбира, според законот.