Еден отсто профитери, 99 отсто жртви!

0
1106

Пријатели, ме немаше некое време да ви се обратам преку моите слободоумни колумни, за кои добивав пофалби од граѓаните со сличен став на мојот и се разбира критики од поддржувачите на власта. Иако и едните и другите беа свесни на реалноста на состојбите за кои што пишував, јас сепак ќе ја искористам оваа прилика да ме прочитаат двете групи повторно.

Можеби во меѓувреме политичката ситуација разубедила некој од неистомислениците.

Она што во моментов е топ тема, секако се изборните резултати и големиот пораз на ДПМНЕ. Но, јас сепак би сакал да се вратам во 2006та година и да ја анализирам појавата на оние ликови кои профитираа најмногу од партијата на власт а се наметнаа ширум цела Македонија. Тие се најзаслужни што нивната партија сите свесни граѓани почнаа да ја гледаат со презир.

Станува збор за видни членови и активисти на оваа десничарска партија, оние на кои лажицата им падна во мед, па сега со тешко срце со соочуваат со поразот на овие избори.

Целата колумна на Алекс Ружин ОВДЕ