Еден мораше … Или ти или ние! Инаку никако немаше да запре : Се самоуби главната актерка во серијата „Малечката невеста“

0
1444
Ѕвездата на индиската серија „Малечката невеста“ и една од најталентираните боливудски актерки Пратиша Банерџи изврши самоубиство, а медиумите шпекулираат дека тоа го сторила заради љубов.

Љубовната приказна на Пратиша(24) и продуцентот Раул Раџ наликувала на индиска бајка. Со време стана турболентна, но никој не помислуваше дека ќе добие трагичен крај.

Актерката се обесила во својот стан во Мумбаи, а ја пронашол токму Раџ. Поминаа само неколку месеци откако почнаа да планираат венчавка, а тој веќе стана еден од осомничените за нејзината смрт.

Имено, малку кој поверува, посебно луѓето блиски до актерката, дека станува збор за самоубиство. Велат дека била психички стабилна личност, а според неофицијални информации на вратот немала премногу изразени траги од јажето, очите не и биле испапчени, а јазикот не бил надвор од усната шуплина, што е вообичаено при бесењето. При тоа, на левиот образ имала модринка.

Славниот индиски пар се запозна 2013 година на роденденска забава на заеднички пријател. Велат дека тоа било љубов на прв поглед. По година и половина се сретнале во ноќен клуб. Уште неколку средби, долги разговори, одлично разбирање и Пратиша била сигурна дека тој е човек за неа. Љубовната романса започна, а тие беа неразделни.

На минатогодишниот натпревар во ТВ реаслно шоу на познати лица „Моќта на паровите“, беа возбудени заради плановите за венчавката. Дури на свеченоста поканија и други славни парови од шоуто. Изјавија дека престојот во реалното шоу само ги потврди нивните убедувања дека се еден за друг.

PRATISA-M-NEVESTA-SAM-01

Но, изгледа дека не било така. Инстаграм профилот на Пратиша сведочеше за моменти на нежност и блискост, но во последните шест месеци новите фотографии на вереникот не само што стана реткост, туку воопшто и ги немаше. Последна фотографија со Раул беше еден ден пред влезот во реалното шоу.

Пријателите на Пратиша сведочат дека во последно време била вознемирена ид ека причина за таквата состојба бил токму Раул. Се раскажува дека ја оставил и се верил со друга. Пријателка на Пратиша тврди дека и телефонирала во петок за да дознае нешто за поранешната девојка на Раул, бидејќи се сомневала дека ја изневерува.

Последните часови се појавила и снимка на телефонскиот разговор на расплаканата и преплашена мајка на Пратиша, која на актерката Доли Биндри, инаку пријателка на нејзината ќерка, и соопштува дека Раул во трагичниот момент бил со Пратиша.

Последниот статус на убавата актерка на Ватсап „Дури и по смртта нема да ти го свртам грбот“ како да упатува на можноста за самоубиство.