ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИМ ЈА ЗАТНА МУЦКАТА НА МРЧАТОРИТЕ И ВМРОВЦИТЕ : Европскиот Парламент гласаше за екстрадиција на Груевски од Унгарија!!!

0
1388

Европратениците ги усвоија двата амандмани кои бараат од Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија.

Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но се стравуваше дека оној на Зелените нема да помине поради поостриот речник.

Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што бара екстрадиција, гласи и дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и го смета овој потег како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презик кон судството и владеењето на правото во земјата.