Еве што треба да правите секое утро за да живеете подолго и да бидете здрави

0
1263

Колку пати сте го чуле советот дека после будење треба добро да се растегнете во креветот? Тоа најчесто се прави со цел малку да го размрдаме заспаното тело и мускулите, меѓутоа, освен физилчко, растегнувањето има и влијание и врз нашето психичко здравје. Еми Кади, психолог од Харвард, советува секое утро пред да станеме да ја заземеме во креветот „позатата на моќта“.

Поза на моќта

‘Power pose’ е всушност назив за начинот на растегнување при кое максималнмо ги шириме рацете и нозете. Токму таа поза ќе им помогне на луѓето со ниска самодоверба да се чувствуваат подобро и посамоуверено. Ќе се активира тестостеронот и ќе се намали нивото на кортизол (хормон на стресот) заради кој се чувствуваме лошо. Токму комбинацијата на висок тестостерон и низок кортизол е задолжена за чувството на самодоверба.

Зошто токму растегнување?

Природно срамежливите луѓе или оние кои не веруваат во себе најчесто се повлекуваат и физички, односно, седат подгрбавено затоа што сакаат да бидат што понезабележливи.

Ваквото однесување е специфично за жените кои хронично се чувствуваат помалку моќни од мажите. Проблемот е во тоа што тој процес работи во две насоки. Чувството на немоќ може да ве натера да заземете немоќна поза, а од друга страна, позата на немоќ ќе предизвика и чувство на немоќ. Затоа, секое утро пред да ги спуштите нозете на подот, растегнете се. Особено доколку спиете во поза на фетус, советува др. Кади.