ЕВЕ СО КАКВИ ПРИЈАТЕЛЧИЊА СЕ ДРУЖИ ГРУЈО: СВИЊО ДЕБЕЛА, КОМУЊАРКО, КУРВО, МЕ НАВРЕДУВАШЕ ТРАЈКОВСКИ, РАНГЕЛОВА МЕ СПАСИ ДА НЕ ФРЛИ СТАКЛО КОН МЕНЕ, СВЕДОЧЕШЕ СОВЕТНИЧКА ЗА НАСИЛСТВА И ШАМАРИ ВО ЦЕНТАР!

0
1424

Обвинетиот Александар Трајковски, кој минатата недела во Будимпешта беше фотографиран со избеганиот осуден премиер Никола Груевски, тврди дека бил во Унгарија на специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. – Трајковски пред Основниот суд Скопје 1 (архивска фотографија/СДК.МК)

Марија Бошковска-Јанковска, советничка од НСДП сведочеше во судскиот процес за предметот на СЈО Насилства и шамари во Центар, посочувајќи го обвинетиот Александар Трајковски како еден од најбруталните напаѓачи во јуни 2013 година, кога беше искршена Општина Центар.

„Ме навредуваше со зборови најпогрдни за една жена: ‘Комуњарко, свињо дебела, курво’. Бидејќи е висок, а бараката и прозорците ниски, можеше буквално да ме дофати. Зеде скршено стакло да ме гаѓа. Даниела Рангелова ме спаси и фала ѝ пред сите за тоа!”, сведочеше советничката.

Во судницата, рече, го нема повозрасниот висок човек, „кој се соблече гол пред мене и го покажа својот полов орган“.

Во овој судски процес има уште еден сведок, па на ред се материјални докази и сведоци на одбраната. Ќе се пуштаат за првпат бомби за овој судски процес.

На избеганиот Никола Груевски му се суди во отсуство.

Судењето продолжува на 26 јануари.