ЕВЕ ОД КАЈ МУ СЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ: Шестта година по ред паричката се паѓа кај Мицкоски, татичко уште му ја мести

0
1343

Годинава во бадниковото лебче кое се дело во неговото семејство, паричката се паднала во парчето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откриваат за „Лидер“ од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека на Мицкоски паричката за Бадник му се паѓа шести пат по ред.

-На православните верници им го честитам големиот празник, со искрени желби за добро здравје, бериќетна година и успеси. Она што го посакувам на секој еден од вас е да бидете среќни, заеднички да градиме иднина, и да покажеме одговорност кон нашата земја. Сплотени, исправени да се издигнеме над неправдите, тешкиот живот, да ги победиме црнилата. Нашата борба е за правда, за благосостојба и стандард, за квалитетно здравство и конкурентно образование, за приносно земјоделие, задоволни граѓани!, им порача денеска Мицкоски на граѓаните.