Еве кои ПУШИКУРОВЦИ на Бранко Јаневски од дух партијата СДПМ треба да клонираат имиња од носители на листи од СДСМ : Продановски заварувач во железница, Шукуровска невработена дпмнеовка

0
2299

На 40 километи од Скопје, во Зелениково. Тука живее двојникот по име на Стево Пендаровски, Стево Продановски, носител на листа на Социјал демократската партија. Телма се обиде да го пронајде и праша дали некогаш се занимавал со политика, зошто се одлучил да стане пратеник, дали само името и презимето го однеле на врвот на листата. Ги запрашавме соседите, каде живее Продановски, потенцијалниот пратеник, пренесува Телма.

Куќата ја најдовме ама не и Продановски. Синот кој не пречека ни кажа дека е на работа во железница.

За Политиката во која е неговиот татко не сакаше да зборува, ама ни даде телефонски број. Продановски пак не одговара.

Безуспешен беше обидот да ја пронајдеме и Радмила Шукуровска од Прилеп. Никој немаше на адресата на која живее во населбата Варош на крајот од градот. Соседите коментираат дека е млада невработена, мајка на три деца. Ама ја гледале како оди во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, велат била член, дали е се уште не знаат.

Телма ги доби листите со кандидати за пратеници на Социјал демократската партија. Од нив може да се забележи дека освен што дел од носителите имаат слични или исти имиња со оне на СДСМ, дел од оние исти прeзимиња и иста адреса имаат и кандидатите. Таков е случајот во петката каде се кандидрани Лиле и Анѓел Даневи од Кавадарци кои освен идентитчно презиме имаат и идентична адреса. За тоа дали СДПМ има намера да земе дел од гласовите по грешка, на што се сомнева СДСМ, денеска претседателот на партијата немаше време да одговори. Претседателот Бранко Jаневски во кусиот телефонски разговор рече дека е во гужва и спушти. Тој пак во петокот најавил дека ќе поднесе листи ама викнал пресс само за дел од медиумите. На него претставил дел од програмата која е слична на онаа на СДСМ ама дури оди и чекор понапред.

Ова се четврти парламентарни избори на кои партијата на Јаневски пријавува кандидати со исти имиња како носителите на СДСМ. Истото се случуваше на изборите во 2006-та, 2008-ма и 2014-та и низ тие изборни циклуси на Јани Макрадури противкандидат му беше Јанис Макрис, на Радмила Шекеринска – Рада Шекерова, на Марјанчо Николов – Марјанчо Наков, на Зоран Заев-Зоран Зашев, на Јован Манасиевски – Јован Манчевски, на Илинка Митрева – Илинка Митовска и на Игор Ивановски – Игор Ивановски. Во 2008 година коалицијата на СДСМ ја тужеше партијата на Јаневски оти со манипулациите со имиња добија три пратеници помалку но сите судови ја одбија вклучително и врховниот.

15094321_10209885822356383_6347494527852726982_n