Еве кои алкохолни пијалоци се најкалорични?

0
1647

Луѓето ретко размислуваат за алкохолните пијалоци како за нешто што може да и’ наштети на линијата, но и тие, секако, имаат калориска вредност, и тоа обично изненадувачки висока. Ако сте на диета, би било пожелно да се информирате за калориската вредност на вашите омилени пијалоци. Бидејќи настануваат од ферментација и дестилација на природниот скроб и шеќер, алкохолните пијалоци содржат многу калории.

Пиење на алкохол, исто така, ја намалува количината на маснотии кои ги гори вашето тело, бидејќи на самото тело му е приоритет што побрзо да го исфрли алкохолот. Другите процеси се забавени, па така и апсорпцијата на здравите нутриенти и горењето на маснотиите.

Најкалоричните пијалоци се обично оние кои најчесто ги конзумираме, како што се пиво, варено вино и коктели. Особено се калорични топлите мешавини. Маргарита има 550 калории, а пина колада 586, што е во ранг со калоричната вредност на брза храна.

Ако сте на диета, најдобро би било сосема да се откажете од алкохолот, но, бидејќи на многумина тоа им е тешко, ќе ви дадеме неколку други опции.

Обидете се да пиете помалку калоричен алкохол-шампањско, рум, вотка, џин и диетален тоник. Колку и да звучи необично, пијте вода заедно со алкохолот. Ако баш не можете да се откажете од пивото, пијте квалитетни светли пива и одбегнувајте ги темните. Не ги комбинирајте алкохолните пијалоци со газирани сокови, заради големата количина на шеќер содржана во нив и никако не пијте повеќе од две чаши, или, ако баш морате, во текот на вечерта, комбинирајте ги со неалкохолни пијалоци, особено кисела вода.