ЕВЕ КАКО ЗАЕВ И ВЛАДАТА СЕ ГРИЖАТ ЗА МЛАДИТЕ И СИРОМАШНИТЕ ВО ДРЖАВАТА : Додаток на платата во висина од 3000 денари ќе добиваат младите до 23 години што се сега, или ќе бидат, вработени во производствениот сектор

0
1243

Младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно ќе им се исплаќа на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование во дејностите на производството за да го зајакнеме нивниот стандард и да ја стимулираме атрактивноста на стручните занимања за кои на пазарот на трудот во нашата земја постои нагласен интерес, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, кој со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и со директорката на Агенцијата за вработување на Северна Македонија, Билјана Јовановска, во компанијата „Римес“ ја промовираа оваа мерка.