ЕВЕ ЗОШТО ВМРО ДПМНЕ САКА ДА СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ, ЗА ДА УКРАДЕ ТОА ШТО НЕ СТИГНА ЗА 12 ГОДИНИ РЕЖИМ: Кривична за екс-градоначалник на Кавадарци за „злоупотреба на должност“ и „бесправно градење“

0
1806

Надворешната канцеларија за криминалистички работи на Кавадарци поднесе кривична пријава против А.П. (50), поранешен градоначалник на општина Кавадарци, Ѓ.Ч. (58) управител на „Масон инженеринг“ дооел – Скопје и Љ.Ѓ. (63), управител на „Хидроградежен инженеринг“ доо – Скопје, поради постоење основано сомневање за сторени кривични дела „злоупотреба на службена должност и овластување“ и „бесправно градење“.

Второпријавениот кривичните дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година година злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како одговорно лице во „Масон инженеринг“ дооел Скопје и во својство на изведувач, изведувал градба на земјиште сопственост на Република Северна Македонија, иако знаел дека предметната градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган.

Според МВР, третопријавениот, кривичното дело исто така го сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што, ја злоупотребил својата службена положба и овластување и како одговорно лице во својство на стручен технички надзор на изградба на градежни работи, вршел надзор над градба иако знаел дека предметната градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган.