(ВИДЕО) ЕБАТИ ТРАГЕДИЈАТА ЕБАТИ : ЛУДАЦИТЕ на „Македонија блокира“ не ја најдоа Емилија Александрова дома, Бачев и се закани да не помислила да гласа за уставните измени! Бачев и Вилипчо ќе се САМОЗАПАЛАТ!

0
1441

Демонстранти на движењето „Македонија блокира“ се собраа вечерва пред домот на пратеничката Емилија Александрова, но не ја затекнаа дома. Полицискиот кордон ги спречи демонстрантите да влезат во дворот со објаснување дека никој нема во куќата. Поради тоа на Александрова не и беше предадено писмото, но беше прочитано на мегафон додека демонстрантите држеа свеќи во рацете.

Протестот почна пред Собрание, а демонстрантите се движеа пешки до домот на Александрова, каде лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, и порача да не гласа за уставните измени.

-Ако има грам совест ќе излезе со народот и ќе биде со народот. Да не помисли да гласа за уставните измени. До вчера се сликаше со Груевски сега е со Заев. Се ќе им биде простено, само ако на 9 јануари не гласаат за уставните измени – рече Бачев.

Движењето ќе одржи сенароден протест пред Собранието на 9-ти јануари, кога почнува собраниската дебата за уставните измени.