ЕБАТИ РАБОТАТА ЕБАТИ, ТАМАН ПЛАНИРАА ДА ГО ИСТОПОРАТ НА ЧЕЛО НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА МАЌЕДОЊА, ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ ГИ СТАПИСА ПРОТЕСТАНТИТЕ И ИМ ПОРАЧА ДА СИ ЈА БРКААТ РАБОТАТА!

0
2206

Владиката Агатангел, кој беше најавен како предводник на вечерашниот протест за одбрана на државата и идентитетот на нацијата, негира дека тоа ќе се случи. Во изјава за „Макфакс“ владиката вели дека ќе биде само учесник, а не предводник. Тој за агенцијата рекол и дека секој треба да си ја гледа својата работа.

Протестот е организиран од повеќе здруженија кои се декларираат како патриотски  кои бараат да се стави крај на преговорите за името со Грција, повлекување на законот за јазиците, поништување на договорот со Бугарија, како и ослободување на притворените за инцидентите во Собранието на 27 април.

Протестот го поддржа и Антонијо Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија. Тој во видео обраќање преку Фејсбук, со бебето во „кенгур“ вчера порача дека протестот доколку биде достоинствен и мирен може да ѝ биде и од помош на државата, без разлика кој раководи со неа.

Маршот попладнево ќе почне пред Мисијата на Европската Унија, а ќе заврши пред Собранието.

Се бара безусловен прекин на разговорите за името и продолжување на членството во Обединетите нации и во меѓународните организации под државното име Македонија, повлекување на Законот за употреба на јазиците, на Договорот со Бугарија и итно ослободување на притворените и осудените за собраниските настани од 27 април лани. Барањата ќе бидат доставени до претседателот, до Собранието, до Владата и до странските амбасади во Македонија.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие не се организатори, но дека го поддржуваат уставното право на мирен протест.