Д-р Методиј Чепреганов: Оние кои мислат дека се семоќни, имаат тешка параноја!

0
1408

Во Македонија недостасува политичка зрелост, поради стравот и притисокот во народот. Вредноста е обезвреднета. Поради партиската подобност се поставуваат неадекватни послушници. Има ерозија на интелектуалната вредност- вели за Фактор, невропсихијатарот д-р Методиј Чепреганов. Според него недостасува екологија на духот, толеранција и флексибилност. Цивилизациските кодекси, за морална, општествена и социјална одговорност треба да се учат и да се интегрираат во системот, во секојдневното живеење.

“Ние сме политички незрели, јас се најдов во француско друштво во една прилика и ниту еден од присутните не рече кој победил на избори, ниту како победил. Едноставно си честитаа меѓусебно. Јас незнам како гласа мојата сопруга, моите деца ниту сум им сугерирал, тоа е нивна одлука. Политичката зрелост е одраз на созреана, матурирана личност која знае кој е и што е, што сака во животот. Ние имаме неколку фалинки во нашиот ментум, во нашиот интелектуален квантум. Првата е стравот со кој живеел македонскиот народ со години, така живее и сега. Стравот е основниот фундамент на нашето однесување во секојдневнието. Вториот момент е обезвреднување, поради немање на интелектуална зрелост. Вредноста е обезвреднета. Кај нас поради партиската подобност се поставуваат неадекватни но партиски подобни аграми кои се послушници. Има ерозија на интелектуалната вредност”- објаснува д-р Чепреганов.

Созревањето вели е еволутивен процес кој бара едукација, воспитание, знаење и инкорпорација на социјални, морални, етички и духовни норми. Еуфоријата, особено изборната и политичката е лош емотивен набој кај личноста бидејќи ја стеснува свеста која го пореметува логичното мислење.

“Еуфоричното расположение е непожелно, лошо за личностите, за народот. Личноста е конгломерат на психички функции кои се под плаштот на свеста. Матурацијата, созревањето на една личност или хармоничното вклопување на тие функции во нас зависи од хармонијата на најблиските и почнуваме да созреваме, еволуираме. Домашната средина, милјето училиштето, државата, начинот на живеење,климатските услови, средината се параметри кои ја креираат секоја личност. Што ќе се изроди дали ќе биде созреана, матурирана, и многу е важно како ќе бидат инкорпорирани социјалните, етичките, морални норми. Во добро исконпонирана личност се раѓа зрела матурирана или незрела личност. Оние кои мислат дека се знаат и се семоќни и најпаметни имаат параноја што на грчки значи параноис-погрешно мислење” –додава невропсихијатарот.

Целиот текст на следниот ОВДЕ.