ДУРИ И КУРТОНОТ ЕФТОВ ПРИЗНАВА: Не може да зборувате за хунта на власт и да одите на прв тв дуел со премиерот по 20 години!

0
1396

Вчера вечер на МТВ Христиан Мицкоски го прегази Зоран Заев. И вчера вечер на МТВ беше прегазена стратегијата на опозицијата дека во Македонија владее Хунтата на Зоран Заев. Да не се лажеме не може во еден ист ден Хунтата да осудува на затворска казна политички противници и да дебатира во прва телевизиска дебата ( по 19 години ) со лидерот на опозицијата. ВМРО вчера се откажа од својата стратегија да покаже и докаже дека Хунтата на Зоран Заев е многу пототалитарна власт од Режимот на Никола Груевски. Вчера вечер имавме голема победа на Мицкоски во директниот телевизиски дуел со Зоран Заев на МТВ. И вчера вечер имавме голем пораз на стратегијата дека власта на Заев е Хунта. Се плаѓам дека ако ВМРО сака ( брзо ) да се врати на власт ќе мора да покаже дека Хунтата на Заев е амсовен тоталитаризам во споредба со Режимот на Груевски. Ние вчера на МТВ го видовме Заев како слаб и неспособен политичар но не го видовме како Шеф на Хунта која владее во Македонија. Сума сумарум : Голема лична победа на Мицкоски. И голема стратегиска победа на спонзорите кои го донесоа Заев на власт.

Фејсбук статус на Васко Ефтов