ДУИ СЕ ДЕЦИДНИ : Решени сме да го избереме Талат Џафери за претседател на Собранието и за избор на нова реформска Влада

0
1306

,,ДУИ како клучна партија во парламентарниот состав, е решена да се создаде ново парламентарно мнозинство, која ке го избере Г-дин Талат Џафери за претседател на парламентарното мнозинство, и нема никаква променува на ова одлука“, стои во реакцијата на партијата на пишувањата на дел од медиумите.

„Оваа одлука не е индивидуална определба на поединечен член на ДУИ, туку е колективна партискa одлука и реализација на албанските очекувања на изборите. Затоа, со огорченост ја демантираме оваа измислица како тенденциозна и сосема неточна информација.

Парламентарно мнозинство во овој состав нема да има без ДУИ, и ДУИ останува темел на духот на реформите, интеграцијата и еднаквоста во согласност со Охридскиот договор.

ДУИ нема втора алтернатива или резервна опција, но е посветена на реализација на волјата на новото парламентарно мнозинство, избор на г. Џафери за Претседател на Собранието, а потоа формирање на новата реформска влада.

Секоја друга информација е злонамерна шпекулација“, стои во реакцијата на ДУИ.