ДУИ ПРЕДУПРЕДУВА НА КАТАСТРОФА АКО ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА СЕ ПРЕФРЛИ НА ИНТЕРЕТНИЧКА ОСНОВА

0
2075
ДУИ го осудува обидот моменталната политичката криза да се префрла на интеретнички карактерен план, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК членот на претседателството и портпарол на партијата Бујар Османи.
“ДУИ го осудува обидот заедничката Декларација на албанските партии во Македонија да се оквалификува како платформа на туѓа држава. Ова, како и упорноста политичката криза да се префрли на интеретничка основа, може да доведе до катастрофална ситуација во државата“, предупреди Османи во име на Демократската унија за интеграција.