ДУИ КОНЕЧНО ОДЛУЧИ, ОСМАНИ ОФИЦИЈАЛНО ИЗЈАВИ ЗА ТВ 24: Решивме да ги дадеме потписите на СДСМ, Заев сега е официјално мандатар, од утре почнуваме преговори со нив за влада!

0
2166

Повеќе од 10 часа траат преговорите на централното претседателство на ДУИ во Мала Речица. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи претходно излезе со изјава дека централното претседателство ја продолжува дебатата, а ДУИ ќе им даде потписи на СДСМ, но тие потписи не значат формирање на нова влада, односно тоа не значи дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ.

Централниот одбор ја продолжува дебатата, но поради роковите вечерва ги дале на потписите на СДСМ и ја почнуваат преговорите за влада. Османи истана дека тоа не значи и коалицирање за составување на влада.

„Поради некои околности кои се поврзани со рокови одлучивме да дадеме подршка со десет пратеници на СДСМ, но тоа не значи дека имаме договор за коалиција, само се дава подршка за мандат, да се деблокираат некои процеси.

За да се почнуваат роковите за локалните избори треба што поскоро да се донесат одлуки, а за тоа треба да се добие мандат и Собранието да почне со работа.

Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите. Има аргументи за и против двете опции и не можам да кажам дали доминира едната или другата опција, но вечерва не очекувам да се донесе таква одлука.

Давањето на потписи не значи договор на влада, туку значи започнување на процес на преговори за влада, доколку одлучиме за опцијата партиципирање во влада. Не е во интерес на државата локалните избори да се одоложат“ – изјави Османи.

Извор: ТВ 24