ДУИ го спаси Вељаноски, сега пратениците на пленарка ќе треба да одлучат за неговиот имунитет

0
1400

Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања со четири гласа „за“ и четири гласа „против“ не изгласа да му предложи на Собранието да му се симне пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, за кого судија на претходна постапка побара притвор.

На гласањето не беше приустен пратеникот од ДУИ, односно од владејачкото мнозинство Агим Шаќири.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски појасни дека по ваквото гласање се смета дека комисијата нема конкретен став за имунитетот на Вељановски.

-Тоа не значи дека е одбиено и не значи дека се препорачува негово прифаќање. Оваа тема на расправа ќе биде пренесена за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави – рече Богоевски.

Богоевски истакна дека на крајот на денот за имунитетот на одреден пратеник не одлучува самата комисија туку одлучува Собранието во целина.