ДУВЛОТО НА ТЕЛЕФОНИСТОТ МИЈАЛКОВ Е ЦЕЛОСНО РАЗБИЕНО : СЈО си замина од УБК со податоците за прислушуваните разговори

0
2787

Специјалното јавно обвинителство пред малку на јавноста и соопшти дека се одземени дел од бараните податоци од УБК.

„Одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите“, стои во соопштението од СЈО.