ДС: Повеќе од јасно е дека на 5 јуни нема да има избори

0
841

Повеќе од јасно е дека на 5 јуни нема да има избори, поради што Демократскиот сојуз ги повикува министрите и замениците министри, да ги повлечат оставките и да продолжат да работат со полн капацитет, велат од партијата.

„Предупредуваме на можните безбедносни проблеми доколку во МВР се наруши принципот на хиерархија и натаму се практикува паралелно дејствување од дополнителниот заменик министер. Поради ова, ДС бара, Владата да ги повлече поединечните кадровски решенија бидејќи тие ќе предизвикаат целосен хаос и парализа на највиталната институција. Овие решенија се спротивни на Уставот и законите поради што треба Уставниот суд со времена мерка да ги суспендира и сите решенија на Владата да ги поништи“.

Република Македонија е во криза, оценуваат од партијата. и повикуваат на политички дијалог и договор, реактивирање на Парламентот и деблокирање на другите институции, за да се спроведат реформи, кадровски промени и создадат услови за избори.