ДРЖАВНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ВЕЌЕ НЕМА ДА ЈАДАТ НА ДРЖАВНА СМЕТКА, САМО СТРАНЦИТЕ КОИ СЕ ГОСТИ НА ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ ЌЕ БИДАТ ПОЧАСТЕНИ НА ДРЖАВЕН ТРОШОК, НО МАКЕДОНСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ЌЕ СИ ПЛАТАТ ОД СВОЈ ЏЕБ!!!

0
2039

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во интервју за БИРН рече дека прашањето за трошењето на буџетските пари за репрезентација било отворено во Владата и ќе се подготвува правилник за тоа што смеат, а што не смеат да купуваат државните функционери со службените картички.

„Кога дојдов во Министерството, ми рекоа да ви дадеме картичка, јас реков дека не сакам. Ми рекоа имате лимит, а јас прашав за што е тој лимит, за што се троши. Ако е за делегација, ако е за средба со меѓународна заедница или нешто слично, во ред, тоа за мене е репрезентација. Но,  мојот ручек не е репрезентација. Ако сите други граѓани можат да си купат ручек и со минимална плата, и министерот ќе си купи ручек со својата плата. И затоа побаравме на ниво на Влада да се направи правилник. Кога ќе се уреди, ќе биде многу појасно кој како ги троши парите и дали е нешто прекршено“, рече таа.