(ВИДЕО) ДРАМА ПРЕД КРИВИЧЕН СУД : ГРУЈЧЕ ГО МОБИЛИЗИРА ЧЛЕНСТВОТО НА ДПМНЕ СО СМС ПОРАКИ ДА УРЛААТ ПРЕД КРИВИЧЕН СУД ЗА ДА ГИ СПАСАТ НЕГО И ГРУЕВЦИ ОД ПРИТВОРИ!!!

0
5755

Симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираа пред Основниот суд Скопје 1.

Овој суд ќе одлучува за барањата за притвор и мерки за претпазливост за повеќе поранешни министри и функционери од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и за поранешниот премиер Никола Груевски.

Според Макфакс на протестот има околу 200 до 300 граѓани.

Сообраќајот од крстосницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“ е блокиран.

На денешниот прес на Груевски, по најавата на СЈО дека поднесува 17 обвиненија и побара притвор повеќе лица меѓу кои за Груевски, тој изјави:

„Ова нема така да помине. Ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го преспие ова длабоко се излажале. Сакам да објавам дека конструктивноста кои некои ја нарекуваа попустливост во нашето делување завршува денес. Сега е време историја да оценува и да суди, а ние се плашиме само од судот на историјата“ рече Груевски.

Помеѓу обвинетите се и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и екс министрите Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Елизабета Канческа-Милевски.

Доцна попладнево Основниот суд Скопје 1 информираше дека сите предмети од Специјалното јавно обвинителство се примени во судот. Од таму најавија дека по барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор ќе одлучуваат судиите од кривичните совети во текот на денешниот и утрешниот ден.

Извор : НоваТВ