ДРАМА ВО СЕЛО ЛЕАРЦЕ, ТЕТОВСКО: Тигрите утрово во акција четири пати се обидувале да уапсат опасен криминалец, фрлил бомба кон полицијата, бегал со панцир и калашников, отворил оган кон специјалците и бил усмртен!

0
1329

Порталот Либертас извести дека:

Во раните утрински часови, во село Ларце, тетовско, припадници на Министерството за внатрешни работи по претходно изготвен план, презедоа мерки и активности за лишување од слобода на 38-годишниот Ј.Р. од Ларце, кој што се барал по меѓународна и централни потерници за издржување вкупна казна затвор во траење од 26 години и 10 месеци.

Имено се работи за лице против коешто во периодот од 2000 до 2016 година, до ОЈО Тетово и ОЈО Скопје се поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки форми на кривични дела помеѓу кои кривични дела: “убиство“, “убиство во обид“, “грабнување“, “противправно лишување од слобода“, “недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“, како и кривични дела – “тешка кражба“, “разбојничка кражба“, “одземање на моторно возило “, “тешка телесна повреда“ и “учество во тепачка“.

Во периодот кога Ј.Р. се наоѓал во бегство, во четири наврати од страна на полициски службеници направени се обиди истиот да се лиши од слобода, меѓутоа во сите случаи истиот пружил активен отпор со употреба на различни видови на оружје кон полициските службеници.

Со оглед на сознанијата и безбедносните проценки, дека Ј.Р. претставува безбедносна и сериозна закана по животот на граѓаните и за полициските службеници, подготвен е посебен план за негово лишување од слобода и приведување. Денеска во раните утрински часови, во куќата на Ј.Р. во селото Ларце, при преземање на мерки за негово лишување од слобода, тој фрлил рачна бомба кон полициските службеници, а потоа се дал во бегство, облечен во панцирен елек, вооружен со автоматска пушка со три рамки со куршуми за автоматска пушка, со карабин, пиштол марка ТТ 7.62 со рамка куршумии четири рачни бомби.

При повторниот обид за негово лишување од слобода на околу 200 метри од неговата куќа, лицето повторно отворило оган кон полициските службеници пукало, притоа повторно обидувајќи се да фрли и рачна бомба кон нив, по што е возвратено и лицето е лишено од живот.

На местото на настанот во тек е увид од Јавен обвинител од ОЈО Тетово, увидна екипа од СВР Тетово, лекар по судска медицина и стручни служби од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР за Мактел известија дека нема повредени припадници на полицијата.