Драма во полициската станица во Ранковце откако функционери на ВМРО-ДПМНЕ го нападнаа шефот на изборниот штаб на СДСМ

0
1745

Откако денеска високи функционери на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Ранковце заедно со вработени во граничната и шумската полиција вербално и физички нападнаа шеф на изборен штаб на СДСМ и истиот настан бил документиран со фото и видео материјал и предаден до внатрешната контрола на МВР, екипа од инспектори од Куманово биле испратени да го истражат случајот.

Во моментов во полициската станица во Ранковце покрај инспекторите кои си ја вршат работата, е и речиси цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ од Ранковце но и од Крива Паланка на чело со претседателот Борче Стојчевски. Порталот ДоказМ дознава дека се обидуваат да вршат притисок врз командирот и останатите, да остане неказнет припадникот на граничната полиција, кој законски не смее да учествува во изборна кампања ниту да агитира, а е фатен како го прави токму спротивното и го очекува суспендирање од работното место.

Значи, челните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ од овие општини го кочат спроведувањето на законот, кој треба да важи за сите подеднакво.

Инаку, припадникот на граничната полиција е извесен З. Д., познат активист на ВМРО-ДПМНЕ од Ранковце кој по доаѓањето на власт во 2006г е вработен во МВР, со над 40 години старост и без ниту една помината обука, на место инспектор во полициската станица во Крива Паланка и за кое повеќегодишно работење нема никакви постигнати резултати. Од пред извесен период е распореден во граничната полиција.