ДРАМА ВО КЛУБ НА ПРАТЕНИЦИ: Груевски не сакал да дојде на состанок со Орав и Бејли, тие го довлечкале за уши како прваче да им реферира за предлог законот за бомбите!

0
1433

klub.na.pratenici

Попладнево, во Клубот на пратениците каде што се одвиваат преговорите околу решение за Изборниот закон, информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ најавиле закон за цензура на „бомбите“ создала нервоза кај опозициските партии и кај странците.

Заради тоа, според извори на Либертас, амбасадорите Бејли и Орав по телефон го повикале Груевски веднаш да дојде и да им објасни за каков закон се работи.

Груевски дошол, останал со нив само петнаесеттина минути и си заминал.
Инаку, претходно, во текот на преговорите, амбасадорите Бејли и Орав на Заев и Тачи им го презентирале нивниот предлог за Изборен закон.
Ахмети и Груевски отсуствувале.
Отсуството на Ахмети било оправдано, со образложение дека починал таткото на вицепремиерот Муса Џафери.

Предлогот на Европската унија и САД за новиот изборен закон од страна на владеачките партии го слушнале министрите Никола Поповски и Никола Тодоров, како и Артан Груби од ДУИ.

Преговорите околу донесување на Изборниот закон е обврска од договорот во Пржино се во тек.