ДРАМА ВО ГРАДСКИ ПАРК: Јанко Бурек и Саше Политико се бркаа 20 минути низ паркот, Саше бегаше од Јанко кој се обидуваше да го испрска со спреј за очи лут за незгодните прашања за вработувањето на сопругата во Археолошки Музеј на Македонија!

0
1056

Новинарот Саше Политико го чекал Јанко Илковски на влезот и со вклучен мобилен го прашал „како не ти е срам, се правиш професионалец, а Грујо ти ја вработил жена ти?“.

На ова Јанко наместо одговор извадил спреј за заслепување и го испрскал Политико.

Настанала гужва, вработените во Сител излегле, и како што вели нашиот извор, навивале за својот колега Јанко.

Инцидентот не завршил тука, туку двајцата почнале да се бркаат околу стадионот и низ паркот дваесетина минути.

873498439032

Дополнето:

Еве што напиша Саше Политико на Мактел за случката:

Вечерва Саше Политико имаше нва акција, овој пат жртва беше Јанко Бурек. Саше го чекаше пред Сител и во 21.10 минути Јанко дојде со Цитроенот и се паркира пред јужна трибина на стадионот Филип Втори.

Штом излезе од колата Саше Политико го пречека со вклучен мобилен и прашање, Јанко како бе не ти е срам одработуваш за режимот а тие ја вработија жена ти. На тоа Јанко не одговори ништо туку 2 минути бараше нешто во торбата и извади спреј за очи и почна да прска кон Саше Политико но тој се наведна и спрејот не го погоди па потоа Јанко почна да го брка Саше низ парк и така се бркаа како Том и Џери низ цел парк при што Саше Политико цело време снимаше и му поставуваше редица незгодни и сочни прашања на Јанко на што тој уште повеќе пиздеше и урлаше и трчаше појако.

Беше тотален циркус. Сето тоа го следеше цела редакција на Сител и гласно навиваше. На стадионот од другата страна пак имаше утакмица, Ренова играше со некои од Молдавија или кој знае од каде…

По 20 минути брканица, Саше Политико се повлече од дуелот затоа што беше сигурен дека Јанко има повикано Алфи, Тигри, Волци, Шкорпиони, ЕБР, НАТО, ОБСЕ и УНПРОФОР!

Снимката следи за неколку минути на Мактел.

А нормално еве ја и скапаната реакција на Јанко Бурек :

janko