Драматургот Југослав Петровски го НАДЕНА РЕЖИМСКОТО ГРУЈОВО ПУВАЛО Владо Јовановски : Не ВОЈНА, туку наскоро ке има СЛОБОДА, слобода за секој граѓанин на Македонија!

0
4450

ДРВЕН МЕЧ
Колеги, вие со ГУМЕНИ КУРШУМИ, ПЛАСТИЧЕН ЕКСПЛОЗИВ а јас наспроти вас, на “двобој“ ќе ви излезам со дрвен меч… Да, со дрвен меч, симбол со кој вистинскиот театарџија, вистинскиот уметник, се бори ( и секогаш победил ) против сите диктатори и диктатури, заробени умови, мразачи на се што е инакво од тебе самиот…
Не ВОЈНА, туку наскоро ке има СЛОБОДА, слобода за секој граѓанин на Македонија, без разлика дали е тој по својата боја, вера, пол, убедување, начин на мислење и сл – розов, зелен, сив, црвен, црн, жолт, тиркизен, бел… Македонија се сака со сите бои! Сите бои на Македонија си ја сакаат оваа своја земја. Ги сакам сите бои на мојата Македонија и ќе ги бранам до крајот на својот живот со збор и дрвен меч!
п.с.
Ако некој сака да ми се придружи -дрвени мечеви има во реквизита на било кој театар во Македонија.