ДРАМАТИЧЕН ПРЕС НА БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ : Претходно Латас и Ивица Коневски ме рекетираа со години, сега Боки 13-ка ми бараше изнуда од 50 000е или стан, се извинувам до Кабранов што го пцуев и им се заканував, беше во афект!

0
1939

– На телефон Боки 13-ка ми бараше рекет од 50 000 евра за да ги сопре клеветничките емисии на 1 ТВ за мене, јас сум чист како солза, нема за мене истрага во Финансова Полиција, се јавив таму и тие тоа ми го потврдија, а и да има, чист сум. Се извинувам на Кабранов што им се заканував на телефон, беше тоа во афект јас сум тенок со нервите. Претходно со години ме рекетираше Латас ми бараше стан со 40% попуст не му дадов, ме рекетираше и Ивица Коневски за спонзроство за МЗТ тоа морав да дадам за да можам да градам! Јас не работам со државата, баш поради тоа и го продадов БЕТОН на Минчо затоа што не сакав да учествувам во матни зделки со Скопје 2014-та, ако сум ја мафијаш, тогаш мафијаши се и Ванчо Чифлиганец, ама он се рекламира кај Боки а јас не, па сега јас сум мафијаш, а он не е, а исто работиме, купуваме маркици и земјиште и градиме. не сум учествувал во изработка на ДУП и во носење одлукли, немам никакви зделки со градоначалници, ден мито не сум дал на никого. Се плашам дека ова е нарачка од Чифлиганец кон мене!

Ова на драматичен прес пред новинарите го изјави денеска бизнисменот Зоран Азманов, газда на градежната фирма НАСТЕЛ.

НАСТЕЛ испрати и прес соопштение по пресот во кој се наведени и СМС пораките меѓу Азманов и Кабранов, уредник на 1 ТВ: